Правила и Услови
Користење
Podari.mk, интернет сајтот, може да се користи без никакви надокнади за користењето, а во согласност со наведените услови и правила. Со користњето на интернет продавниците на сајтот Podari.mk се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила.
Услови
При купување на поклон преку интернет продавниците на Podari.mk, мора да се остават лични податоци за да може да се изврси плаќањето и да ве информираме за порачката.Ако не се согласувате со условите Ве молиме не ги користите нашите услуги.
Заштита на лични податоци
Согласно со Законот за заштита на личните податоци објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05 и 103/08” и Законот за именување и дополнување на законот за заштита на личните податоци, Podari.mk се обрзува да обезбеди сигурност и заштита на вашите лични податоци.
Најчесто побаруваме лични информации од типот на Име и Презиме, e-mail и телефон за контакт, за да може успешно да се достави подарокот. Со Ваша согласност личните податоци можат да се искористат за да ве информираме за попустите и измените на самиот сајт Podari.mk,
Cookies
Podari.mk може да употребува колачиња (cookies), кои се корисни за прибирање на информации за тип на пребарувач, оперативен систем, број на посетители на веб страницата… Собраните информации со Cookies исклучиво се користат за потребите на сајтот Podari.mk.
Политика на испорака
Подароците нарачани преку нашата интернет продавница www.podari.mk. се со достава низ цела Македонија. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Доколку лицето кое ја врши испораката не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ве контактира на телефонскиот број кој е оставен за контакт со примачот со цел да ја договори доставата. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката. Нарачки за достава низ Македонија направени до 12ч се доставуваат нареден работен ден(доколку нарачката е после 12ч а би сакале истата да се достави нареден работен ден пожелно е предходно да не контактирате и доколку има можност ќе се потрудиме истата да се достави нареден ден).Нарачките за достава во Скопје се доставуваат нареден работен ден. . Доставата се наплаќа додатно и има неколку тарифи:
- Достава во работен ден во Скопје и Македонија: 200.00ден
- Достава во работен ден во Скопје со точно време: 350.00ден
- Достава во неработен ден во Скопје: 500.00ден
- Достава во неработен ден во Скопје со точно време: 600.00ден
Работни денови се од Понеделник до Петок, Сабота скратено работно време.
Недела и празници се неработни денови.
За достава во неработни денови потребно е предходно да не контактирате или ни пишете mail.
Испорака во сабота е возможна со направена најава однапред од 1 ден.
Порачаните производи во сабота, ќе Ви бидат доставени во понеделник за Скопје, односно вторник за градовите во Македонија.
Пожелно е порачкана на подарокот да се направи неколку дена пред да биде испораката на подарокот. Доставата на подароците е преку неколку фирми кои се специјализирани за достава(пошти).
Доставата ја вршат фирми кои се специјализирани за испорака. Доставата на подарок во помали градови и во села доколку се јави проблем може да е доставена со ден закаснување. Поклонот се доставува до врата и лично на лицето на кое е наменет поклонот. Во случај да не се пронајде лицето, тогаш ке ве контактираме.