Приказната на секое наше шишенце, започнува на некои 20-ина километри северно од Азурниот Брег. Тука, на едно ридско подрачје, создавајќи еден пејзаж како од бајките, се простира француското градче Грасе.

Грасе, лулката на светската парфемска индустрија, сеуште се наоѓа во фокусот на меѓународните пазари за ароматични производи. Повеќе од 60 компании и 3000 експерти, се грижат за производството на состојки од врвен квалитет по сите светски стандарди, од кои подоцна настануваат парфемите. Дури 6% од целокупното светско производство на парфеми, има потекло од Грасе.

JFenzi

JFENZI PERFUME е бренд на парфеми со француско потекло, кои имаат повеќедецениско искуство во полето на производство на ароматични продукти, чиј главен фокус се парфемските води. Постојаниот развој низ годините, како во механизмите на производство и технологијата, така и во обучувањето на експертите кои се незаменлив дел од нашиот процес, го има позиционирано овој бренд како еден од најквалитетните во Европа. Со редовна анализа на желбите на потрошувачите и следење на најновите трендови, JFENZI се грижи за тоа, понудата на производи во секое време да одговара на потребите на динамичниот светски пазар.

JFenzi
JFenzi

Долгогодишното искуство и учество на светскиот пазар, ја имаат направено оваа компанија и нејзината долгорочна бизнис стратегија, една од најстабилните. Внимателно одбраната група на претставници низ Европа, се грижи за услуга на највисоко ниво кон потрошувачите.

Во секоја капка парфем од нашите производи, се содржани сите вредности и квалитети на брендот JFENZI PERFUME.

Преземено од www.bellina.mk